3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на SoftBank ги надмина прогнозите откако Sprint се врати кон успехот

Профитот на SoftBank ги надмина прогнозите откако Sprint се врати кон успехот

Јапонскиот конгломерат „SoftBank Group“ ја објави добивката за кварталот, која ги надмина прогнозите на аналитичарите, во позадина на вестите дека нејзината американска единица „Sprint Corp.“ се врати кон профитот за прв пат по три години, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка на „SoftBank“ достигна 479,3 милијарди јени (4,3 милијарди долари) во фискалниот квартал, кој заврши во јуни. Сумата е повисока од просечната прогноза на аналитичарите, прашани од „Bloomberg“ – за 323,7 милијарди јени. Приходите од продажбата пак достигнаа 2,19 илјади милијарди јени, одговарајќи на очекувањата.

Основачот на „SoftBank“ Масајоши Сон се потпираше на профитот од јапонските интернет и телекомуникациски операции додека „Sprint“ се бореше да генерира профит и да се соочи со загубата на претплатници.

Сега Сон го насочува вниманието кон можноста за спојување со „Charter Communications“, вториот по големина кабелски оператор во САД. Освен тоа милијардерот е во процес на создавање на „SoftBank Vision Fund“ во вредност од 100 милијарди долари заедно со владата на Саудиска Арабија, инвеститорот од Абу Даби – „Mubadala Development“ и други, за да се забрзаат инвестициите во технолошките стартапи во странство.

„Сега фокусот е на „Vision Fund“ и начинот на кој компанијата планира да го изгради своето технолошко портфолио“, коментира пред објавувањето на резултатите Даисаку Масуно, аналитичар од „Nomura Holdings“.

Акциите на „SoftBank“ ја зголемија својата вредност за 16 отсто во оваа година, а денес ја завршија трговијата по цена од 9.023 јени.

Нето добивката за кварталот достигна 5,5 милијарди јени, доста под очекувањата, откако „SoftBank“ забележа загуба во врска со договорот, вклучувајќи ги инвестициите на „SoftBank“ во „Alibaba Group Holding“ во износ од 257 милијарди јени.

Сон обезбедил околу 65 милијарди долари финансирање за потенцијална понуда за „Charter“, тврдат извори запознаени со планот. Се тврди дека „Sprint“ е возобновена по прелиминарните преговори за спојување со „T-Mobile US“, дополнуваат други анонимни извори. Минатата недела главниот извршен директор на „Sprint“, Марсело Клор изјави дека наскоро може да биде донесена одлука за спојување, што доведе до 12% раст на цената на акцијата на „Sprint“.

„Финансиските резултати на „Sprint“ се подобруваат, како што беше предвидено, и компанијата може да се справи сама“, изјави Сон. „Но, за да може компанијата да расте уште повеќе, ние размислуваме неколку можности за консолидација. Преговорите се развиваат брзо и наскоро може да имаме решение“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП