22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti Chiron е поекономичен од Veyron

Bugatti Chiron е поекономичен од Veyron

Тешко дека сопствениците на „Bugatti Chiron“ се заинтересирани колку троши нивното возило, откако платиле за него милиони долари. Сепак агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) беше обврзана да ја провери потрошувачката на гориво на моделот и откако го направи тоа, ги соопшти резултатите.

Излезе дека и покрај зголемената до 1500 КС моќност „Chiron“ е поекономичен од својот претходник „Veyron“. Комбинираната потрошувачка на гориво при тестовите на „EPA“, била 11 милји на галон гориво, што значи 21,28 л/100 км. Интересно во случајот е дека на интернет-страницата на „Bugatti“ се посочуваат повисоки вредности – 22,5 л/100 км.

Според податоците на агенцијата, при движење во градот „Chiron“ поминува околу 9.000 милји со галон – односно 26,13 л/100 км. При движење на патот хиперавтомобилот ја намалува потрошувачката до 14.000 на галон (16,8 л/100 км).

На овој начин „Chiron“ е поекономичен (ако може да се користи слична дефиниција за овој автомобил) од „Veyron“, но само во градски услови. Во приградските тој троши повеќе. Генерално во мешан циклус „Chiron“ поминува со милја повеќе од претходникот со галон гориво.

И двете возила се опремени со 8.0-литарски W16 мотор кој кај „Chiron“ развива 1500 КС и обезбедува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди. Максималната брзина е ограничена по електронски пат на 420 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП