28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд следната година Ф1-болидите ќе добијат „Ореол“

Од следната година Ф1-болидите ќе добијат „Ореол“

Контроверзниот систем за заштита на возачите во кокпитот на болидите во Формула 1, „Ореол“, ќе биде воведен од 2018 година, потврди ФИА. „Ореол“ е конструкција што ја измисли Ферари и се состои од карбонски влакна. Возачите не ја одборија поради што се очекуваше дека ФИА ќе најде некакво алтернативно решение.

Поголемата заштита на возачите порасна пред неколку години, а приоритет во Формула 1 стана по загинувањето на Жил Бјанки на трката во Јапонија и Џастин Вилсон во трка во Индикар серијата, во октомври и ноември 2014 година.

ФИА во соопштението наведува дека во изминатите пет години биле извршени серија тестирања и било утврдено дека „Ореол“ ги дава најдобрите резултати на полето на безбедноста на возачите.

Инаку, ФИА пред еден месец на патеката во Силверстон изврши тестирање на проѕирна алтернатива наречена „Штит“, кој ја доби поддршката на сопствениците на тимовите откако возачите имаа спротивставени мислења за заштитата наречена „Ореол“.

Тестирајќи го „Штит“, возачот на Ферари, Себастијан Фетел, рекол дека по само еден извозен круг чувствувал вртоглавица.


Според ФИА, само „Ореол“ од испробаните системи на заштита ги минал двата клучни теста: заштита од удар од остатоци на пневматици при брзина од 240 километри на час и нелимитирана видливост.

Возачите најмногу ја критикуваа позицијата на која треба да биде поставен системот за заштита „Ореол“, односно тој треба да биде поставен пред нивните очи.

Она во што се согласуваат сите (ФИА, возачите и сопствениците на тимовите) е дека треба да се работи на дополнителната безбедност на возачите за да бидат избегнати трагедии како оние во кои загинаа Бјанки и Вилсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП