3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Novartis забележа полесен пад од очекуваното

Профитот на Novartis забележа полесен пад од очекуваното

Фармацевтската компанија „Novartis“ истакна полесен пад на профитот за вториот квартал од прогнозираниот од аналитичарите во позадина на раните сигнали за заживување на одделот за грижа за очите „Alcon“. Освен тоа новите лекови и помогнале на компанијата да компензира пад на продажбата на нејзиниот водечки лек, соопштува „Bloomberg“.

Приходите на „Alcon“ во 2017-та година најверојатно ќе се зголемат со помеѓу 1% и 3%, изјави компанијата со седиште во Базел, Швајцарија. Тоа сигнализира промена во однос на април, кога компанијата изјави дека продажбата од единицата може да остане без промена во следната година.

Добивката за кварталот на производителот на лекови е намалена до 1,22 долари по акција, што е над оценките на аналитичарите за 1,18 долари по акција.

Главниот извршен директор Џо Хименез потврди уверување дека швајцарскиот производител на лекови ќе се врати на раст во следната година. „Novartis“ се насочува кон нови лекови како третман на срцеви проблеми „Entresto“, на псоријаза „Cosentyx“ и рак на дојка „Kisqali“ за да успее да го надмине падот на продажбата на водечкиот лек „Gleevec“ кој ја губи силата поради поевтини генерички лекови.

Приходите во последниот квартал се намали за 2% до 12,2 милијарди долари, што се совпаѓа со прогнозите на аналитичарите. Единицата за генерички лекови „Sandoz“ одбележува 5-процентно намалување на продажбата, а цените во САД продолжуваат да се урива, а продажбата на „Alcon“ се проширува со 1%.

Подобрување има кај резултатите на одделот за грижа за очите што ќе и остави на фармацевтската компанија повеќе можности за во иднина, рече Хименез во разговор со новинарите. Претходно оваа година „Novartis“ изјави дека ги разгледува можностите, вклучувајќи преструктуирање или примарно јавна понуда на единицата, и ќе ги претстави најновите информации до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП