Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Синдикатот на „Југохром“ бара нова средба со Заев

Време: 15:52

Датум: јули 17, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Синдикатот на компанијата „Југохром“ бара нова средба со премиерот Зоран Заев бидејќи сè уште ништо не е реализирано од претходниот состанок меѓу нивните претставници и Владата, што се одржа на 18 јуни оваа година.

Во соопштението до медиумите синдикатот вели дека сакаат да бидат информирани од премиерот за моменталната состојба и за неговото видување на статусот на компанијата“, бидејќи, како што се додава во соопштението, синдикатот бил под притисок од вработените во „Југохром“, кои бараат организирање протести.

„На одржаната средба со Вас и со Кочо Анѓушев беше договорено дека ќе преземете активности за одржување средба со сопственикот на компанијата и со невладините организации, за повторно да се разгледаат и да се најдат начини за фабриката да почне со работа. Бидејќи помина подолго време, а сме под силен притисок од вработените во ‘Југохром’ за организирање протести, бараме да одржиме средба на која би нè информирале за моменталната состојба и за вашето мислење за статусот на компанијата. Ве молиме бараната средба да биде одржана во најкраток можен рок, односно уште во текот на оваа недела“, се вели во соопштението од „Југохром“.

Комбинатот престана со работа на 31 октомври минатата година откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука да се запре производствениот процес на фабриката, поради непочитувањето на рокот за изградба на филтер-станицата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    „Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра. Набавката ќе…

  • НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни…

  • „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    Американскиот ланец на кафулиња во Старзбург одлучи да ги затвори сите под нивно водство во САД,  поради бранот на негативни реакции кои произлегоа поради апсење…

  • Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак,…

  • „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    Приходите на „Нетфликс“ во изминатите три месеци достигнаа 3,7 милијарди долари, 40 отсто повеќе од лани, што е најбрз раст на приходите во историјата на…

  • Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Нафтената компанија „Total“ купува 74,3% од француската компанија за комунални услуги „Direct Energie“ за 42 евра по акција, додавајќи ги електричната енергија и природниот гас…

  • И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    Профитот на „Morgan Stanley“ за првото тримесечје од годината е зголемен за над 40% на годишно ниво до рекордни вредности благодарение на бизнисот со трговија…

  • Turkish Airlines објави рекорднo високи резултати

    Turkish Airlines објави рекорднo високи резултати

    „Turkish Airlines“ постигна рекордни резултати за првиот квартал од годината. Коефициентот на оптоварување (процентот на капацитетот на седишта, кој всушност е продаден и користен), пријавен…

  • И покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

    И покрај зголемувањето на приходите, IBM ги разочара инвеститорите

    Реструктуирањето на „IBM“ ги дава првите плодови. Во вторникот, компанијата објави зголемување од 5,1 отсто на приходите на 19,1 милијарда долари за првиот квартал, надминувајќи…

  • Приходите на Goldman Sachs ги надминаа прогнозите на аналитичарите

    Приходите на Goldman Sachs ги надминаа прогнозите на аналитичарите

    Американската банка „Goldman Sachs“ ги урна очекувањата на „Wall Street“ за профит за кварталот, поддржан од растот на приходите од тргување и повисоки такси од…