25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW е посветен на Golf: GTI и R никогаш помоќни и полесни

VW е посветен на Golf: GTI и R никогаш помоќни и полесни

Компанијата „Volkswagen“ ги развива новите „GTI“ и „R“ верзии на осмата генерација на „Golf“, зa кои велат дека ќе бидат „најдобри на сите времиња“.

Германски „Autobild“ јавува дека „GTI“ и „R“ верзиите ќе пристигнат во пакет со верзијата „Golf“ зa 2019-та година и дека „GTI“ ќе биде помоќен отколку што сме навикнати.

Како пример е наведен 2.0-литарски турбо мотор, кој ќе биде помоќен за 40 коњски сили или до вкупни 250КС. Помоќна ќе биде и „R“ верзијата и тоа за 45КС, што спортските „голфови“ ги става на исто ниво или пред „Ford Focus ST“ и „RS“ верзиите.

Покрај моќта, „GTI“ и „R“ ќе бидат полесни помеѓу 35 и 70 килограми, со подобрена аеродинамика.

Најавен е и нов ентериер чиј централен дел ќе го заземе новиот систем за забава и информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП