11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSaudi Aramco планира инвестиции од над 300 милијарди долари за следните 10...

Saudi Aramco планира инвестиции од над 300 милијарди долари за следните 10 години

Саудиската нафтена компанија „Saudi Aramco“, која го планира можеби најголемото „ИПО“ во светот, ќе инвестира над 300 милијарди долари во следната деценија, за да го одржува резервниот капацитет за производство на нафта и да остварува повеќе студии за природен гас, изјави претседателот и извршен директор Амин Насер.

Перспективите пред нафтените испораки „се повеќе од загрижувачки“, а инвестициите за околу 1 илјада милијарди долари биле изгубени за време на сегашниот пад на индустријата, соопштува „Bloomberg“. Во исто време биле откриени помалку нови наоѓалишта, рече Насер за време на Светскиот нафтен конгрес во Истанбул. Некои проценки укажуваат дека е потребно ново производство за најмалку 20 милиони барели на ден во текот на следните пет години, за да се компензира зголемената побарувачка на нафта и природен пад на развиените области, рече тој.

„Изгледа се пошироко верувањето дека светот може предвреме да се ослободи од докажани и сигурни енергетски снабдувачи како нафта и гас поради погрешната претпоставка дека алтернативите брзо ќе бидат распоредени“, рече Насер. „Нафтената индустрија ќе биде во срцето на глобална енергија уште долги години, а транзицијата кон користење на алтернативи ќе биде долга и сложена““, вели тој.

Државната компанија, чие официјално име е „Saudi Arabian Oil Co.“ и е најголем извозник на нафта во светот, е со зголемен принос до рекордно високо годишно ниво во минатата година, пред кралството да ја поведе Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други глобални производители кон ограничување на производството, за да се надмине глобалната презаситеност. „Aramco“ е и во центарот на долгорочната стратегија на земјата за оддалечување од нафтата. Владата планира да продаде околу 5% од компанијата во 2018-та година во очекувано да биде рекордно голем „IPO“.

„Финансиските инвеститори се повлекуваат од исклучително потребните големи инвестиции во нафтените истражувања, долгорочен развој и поврзаната инфраструктура“, рече Насер, предавајќи дел од вината на „лажни аргументи за врвно оптоварување побарувачка за нафта и напуштени ресурси“.

Волуменот на конвенционалната нафта, откриена во светот во последните четири години на пример, е за 50% помалку во однос на претходните 4 години, вели тој.

„Инвестициите во помали потфати, како нафтата од шкрилци, нема да го променат тоа. Но без овие повисоки инвестиции енергетската транзиција – и оттаму енергетската безбедност – може да бидат фатално компромитирани“.

„Aramco“ планира да потроши 300 милијарди долари за проекти во наредните 10 години, за да го поддржува слободниот  производствен капацитет на нафта и да ги зајакне истражувањата и екстракција на конвенционалниот и неконвенционалниот гас, рече Насер.

„300 милијарди долари за 10 години е силно барање за „Saudi Aramco“, особено во услови на сегашната нафтена средина која натежнува врз буџетот на Саудиска Арабија“, вели Вил Хебрс, енергетски аналитичари во „Bloomberg Intelligence“ во Лондон. „Ова може да одговори на загриженоста на кралството за долгорочен дефицит во снабдувањето, како резултат на послабите инвестиции во индустријата од 2014-та година“, додава тој.

„Aramco“ планира двојно да го зголеми производството на гас до 651 милијарди кубни метри гас на ден во текот на следната деценија, рече Насер. Зголемувањето на прогнозата ќе го зголеми уделот на гасот во комуналните услуги на кралството до околу 70%“, највисоко ниво во однос на сите земји во Г20, рече тој.

Саудиска Арабија се ангажира и со развојот на соларна енергија и други обновливи извори, а стратегијата за економско преструктуирање предвидува земјата да стане „во ништо помалку од сончев генератор“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП