Американскиот технолошки гигант Епл објави во понеделник дека ќе инвестира девет милијарди дански круни (810 милиони евра) во дата-центар во Данска, кој исклучиво ќе користи енергија од обновливи извори на енергија.

Центарот во Абенрау ќе вработува меѓу 50 и 100 работници. Изградбата ќе почне во последното овогодишно тромесечје, а ќе заврши во првото тромесечје на 2019 година.
Епл ќе го користи центарот за обработка на податоци од ајМесиџис, како и за одговори во програмата-планер Сири, како и за симнување на песни од ајТјунс, рече директорот на Епл за нордиските земји, Ерик Станов.
Суперкомпјутерите во дата-центрите генерираат огромно количество топлинска енергија, па заради тоа трошат и многу струја за разладување