29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобра руска банка e Сбербанк

Најдобра руска банка e Сбербанк

Сбербанк, според рангирањето на магазинот „Банкер“, го презеде првото место меѓу руските банки, кои работат на територијата на централна и источна Европа.

Основниот капитал на Сбербанк, во изминатата година, се зголемил за 47 отсто.

На листата на „Банкер“ оваа банка напредуваше за 15 позиции и на голобално ниво се наоѓа на 36. место.

Според истиот извор, руските, заедно со бразилските и индиските банки значително ги подобриле своите позиции на оваа листа, во однос на минатата година.

Вкупниот профит на руските банки, како што пишува магазинот, се зголемил за 4,5 пати на 14,6 милијарди американски долари во текот на минатата година.

„Банкер“ е водечки светски магазин кој известува за работењето на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП