11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ја покажа новата Impreza за европскиот пазар (фото)

Subaru ја покажа новата Impreza за европскиот пазар (фото)

Компанијата „Subaru“ покажа слики и откри детали за европската верзија на петтата генерација на моделот „Impreza“. Официјалната премиера на автомобилот за „Стариот континент“ ќе се одржи на 12-ти септември за време на саемот во Франкфурт.

Светското деби на новата „Imprezа“ беше во март 2016-та година на саемот во Њујорк. Автомобилот е изграден на првата глобална платформа на јапонскиот производител „Subaru Global Platform“ (SGP). Новата лесна шасија овозможува зголемување на цврстината со 70%, така што ја подобрува интеракцијата помеѓу моторот и системот за погон на четири тркала.

Новата „Subaru Impreza“ ќе се нуди со корпоративниот комплекс од системи за безбедност и асистенти на возачот „EyeSight“ кој вклучува адаптивен круз-контрол, функција за спречување на фронтални судири, како и систем за следење на лентата на движење.

Засега Јапонците не ги откриваат моторите со кои ќе биде опремен автомобилот во Европа. Во САД новата „Impreza“ доаѓа со 2,0-литарски бензински „боксер“ кој развива 166 КС. Се очекува тој да биде достапен и за европската верзија, за која се предвидува и 1,6-литарски мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП