3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit и Amundi потпишаа договор за Pioneer

UniCredit и Amundi потпишаа договор за Pioneer

Откако започна ексклузивни преговори, „UniCredit“ успешно потпиша и обврзувачки договор со „Amundi“ за продажба на „Pioneer“.

Како резултат на тоа, „UniCredit“ ќе се радува на партнерство со еден од водечките играчи во управувањето со средства, број 1 во Европа и број 8 во светски рамки, со уникатно искуство во областа на понудата на инвестициски производи во филијали и одлични производни и инвестициски можности.

Ова ќе им донесе бенефиции на клиентите на „UniCredit“ во цела Европа, така што ќе им се обезбеди пристап до повеќе атрактивни инвестициски производи.

Како дел од договорот, „UniCredit“ и „Amundi“ ќе формираат стратешко партнерство за дистрибуција на производи за управување со средства, поддржан од 10-годишен договор за дистрибуција за Италија, Германија и Австрија.

„UniCredit“ ќе се фокусира повторно на својот главен бизнис – да нуди инвестициски производи, на тој начин ќе го задржи и приходот од провизии.

Постигнатиот бизнис договор се очекува да влијае позитивно на капиталните индикатори на „UniCredit“.

Главниот извршен директор на „UniCredit“, Жан Пјер Мустие коментира дека продажбата на „Pioneer“ на „Amundi“ е опиплив пример за новиот стратешки пристап на „UniCredit“, објавен на 11-ти јули 2016-та година.

„Благодарение на долгорочниот договор за дистрибуција, клиентите на „UniCredit“ ќе имаат пристап до проширен спектар на квалитетни производи и услуги, а групата ќе искористи од очекуваната зголемена продажба“, коментира Мустие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП