19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRichemont се збогуваше со својот кинески бизнис Shanghai Tang

Richemont се збогуваше со својот кинески бизнис Shanghai Tang

Швајцарската компанија за луксузни стоки „Richemont“ ја продаде компанијата „Shanghai Tang“ која е базирана во Хонг Конг за модни стока, која некогаш беше една од првите кинески луксузни брендови кои бараа глобално присуство. Купувачот е италијанскиот претприемач Алесандро Бастен, пишува „Bloomberg“.

Швајцарскиот гигант стави крај на 19-те години, во кои беше сопственик на „Shanghai Tang“ која произведува машка и женска облека, комбинирајќи влијанија од западниот и кинескиот дизајн. Ова е првата продажба на луксузна марка на „Richemont“ од 2007-ма година, кога компанијата се раздели со „Montegrappa“.

„Продажбата на „Shanghai Tang“ е логичен чекор. Марката не чинеше ниту од гледна точка на продажба, ниту од профит“, коментира Тенет Вебер, аналитичар во „Vontobel“.

„Shanghai Tang“ е основана уште во 1994-та година, а во моментов има 48 продавници. Иако брендот има корист од обновениот интерес на помладите корисници и од проширувањето на кинеското влијание на глобално ниво, компанијата не успеа да застане сериозно во САД и Европа, а корисниците на кинескиот пазар ги претпочитаат западни луксузни брендови.

„Richemont“ го купи контролниот удел од компанијата во 1998-ма година, една година откако суверенитетот на Хонг Конг беше префрлен од Велика Британија на Кина. Останатиот дел од пакетот акции беше купен во 2008-ма година.

Луксузната компанија со седиште во Женева сега го обновува своето портфолио, откако ја обедини онлајн единицата „Net-a-Porter“ со „Yoox“ во 2015-та година. Таа поседува 18 брендови, вклучувајќи „Cartier“, „Montblanc“ и „IWC“. Компанијата најави продажба овој понеделник, но не откри каква е вредноста на трансакцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП