3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW додаде електричен велосипед кон новиот X3 (фото+видео)

BMW додаде електричен велосипед кон новиот X3 (фото+видео)

Компанијата „BMW“ ќе им понуди на своите клиенти електричен планински велосипед (маунтинбајк), кој е направен во стилот на новата генерација на кросоверот „X3“.

Велосипедот е се проценува на 5.200 евра, а ќе се прави специјално за баварците од брендот „Specialized“. Целото име е „Turbo Levo FSR 6Fattie“, а тој е обоен во светло-сина боја „Phytonic Blue“, кој ќе се нуди за кросоверот „BMW X3“.

Велосипедот има алуминиумска рамка и електромотор од 250 вати, помагач за ротацијата на педалите. Тој се напојува од батерии, кои за возврат може да бидат полнети речиси насекаде.

Продажбата на велосипедот во дилерските центри на „BMW“ и продавниците на компанијата „Specialized“ ќе стартуваат оваа есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП