19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите и во третото финале повторно сребрени

Одбојкарите и во третото финале повторно сребрени

Одбојкарската репрезентација на Македонија уште еднаш го освои сребрениот медал во Европската лига. На завршниот турнир во Данска, Македонија во финалето загуби од Украина со 1-3.

Три години по ред македонските одбојкари играат во финалето на завршниот турнир во Европската лига, но за жал и во третиот обид не успеаја да стигнат до најсјајниот медал.

Откако во 2015 година беа поразени од Словенија, а во 2016 од Естонија, на завршниот турнир во 2017 година, во Данска, Македонија во четири сета загуби од Украина.

Украинците ги добија првите два сета (25-15, 25-22) Македонија возврати во третиот 24:26, но потоа Украина го освои четвртиот сет убедливо 25-13 за конечен триумф.

Бронзениот медал на завршниот турнир и припадна на Шведска која во четири сета славеше над Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП