18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault ќе го претвори Espace во спортски автомобил

Renault ќе го претвори Espace во спортски автомобил

Петтата генерација на „Renault Espace“ беше претставена уште во 2015-та година. Сега дојде моментот за негова обнова, за што францускиот производител откри детали.

Главната вест е проширувањето на палетата мотори за „Espace“. Во неа влегува нов битурбо бензински мотор „Energy TCe 225“ со зафатнина од 1,8 литри, кој работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач „EDC“. Овој агрегат е развиен во соработка со „Renault Sport“ и нуди моќност од 225 КС и 300 Nm вртежен момент.

Моторот „Energy TCe 225“ го заменува застарениот „Energy 1.6 TCe 200 EDC“. Со него „Renault Espace“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди – со секунда побрзо од верзијата со стариот мотор. Комбинираната потрошувачка со новиот агрегат е 6,2 l/100 km.

Така палетата мотори на „Renault Espace“ (Моделот за 2017-та година) повторно се состои од три мотори – дизел „Energy dCi 130“ и „Energy dCi 160 EDC“, и новиот бензински „Energy TCe 225 EDС“.

Во опремата на моделот исто има новости. Автомобилот добил предни седишта со регулација во 10 положби и ажуриран мултимедијален систем „R-LINK 2“. Додадени се нови варијанти за опремувањето на кабината, а се нудат и неколку видови 18- и 19-инчни бандажи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП