18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoolpad повторно го одложи извештајот за 2016-та

Coolpad повторно го одложи извештајот за 2016-та

Кинескиот производител на смартфони „Coolpad“, дел од технолошкиот конгломерат „LeEco“, објави дека ќе го одложи уште објавувањето на финансиските резултати за 2016-та година поради нерешените прашања со ревизијата, пренесува „Ројтерс“.

„Coolpad“ неколкупати го одложува објавувањето на резултатите поради оваа причина од март, па наваму. Токму во март таа мораше да го објави својот годишен извештај. Тогаш беше запрена и трговијата со акции на компанијата.

Компанијата има потреба од повеќе време за да ги обезбеди информациите побарани од ревизорите за годишниот извештај за различни претходни плаќања и заеми направени од страна на компанијата, како и поради некои грижи, коментира претседателот на одборот Џетин Џја.

Џја кој е основач на „LeEco“, е најголемиот акционер во „Cooldpad“ со удел од 28,83%.

Џја се бори со финансиските проблеми на неколку единици на конгломератот во различни области – од забавната индустрија до електричните уреди. Оваа недела тој рече дека паричните проблеми во „LeEco“ се полоши од очекуваното и компанијата има потреба од дополнителни средства.

Во петокот „Coolpad“ изјави дека добила писмо од берзата во Хонг Конг, во кое се отпишани условите за продолжување на трговијата на акциите кои вклучуваат објавување на извештајот, спроведување истраги за решавање на прашањата со ревизијата и откривање на релевантни информации, па инвеститорите да можат да ја анализираат позицијата на фирмата.

Компанијата соопшти дека презема чекори да ги исполни условите, но не го објави распоредот за тоа.

Во мај „Coolpad“ објавуви резултати, кои покажаа дека компанијата предвиде загуба од 4,23 милијарди хонконгски долари (542 милиони долари) за 2016-та година, во однос на 2,3 милијарди хонконгски долари профит за 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП