4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba се откажа од крајниот рок за продажба на својот бизнис со...

Toshiba се откажа од крајниот рок за продажба на својот бизнис со чипови

Јапонската технолошка компанија „Toshiba“ се откажа од крајниот рок за продажба на својата единица за чипови за меморија. Таа посочи дека зделката за 18 милијарди долари ќе биде забавена поради разликите во мислењата со конзорциумот избран за префериран понудувач, пренесува „Ројтерс“.

Одложувањето се случува во момент во кој конгломератот го суди партнерот во бизнисот со чипови „Western Digital Corp“ за интервенција во продажба, еден ден откако американската фирма поднесе повторно понуда за единицата. Случајот дополнително ги вжештува односите меѓу двете страни и ги отежнува уште повеќе изгледите за договор.

Обидувајќи се да ги покрие милијардите надминати трошоци за стечајната американска единица за нуклеарна енергија „Westinghouse“, „Toshiba“ сакаше да склучи договор за продажба на својот бизнис со чипови до среда – денот на годишната средба на нејзините акционери.

Во спорните наддавања се вклучи конзорциумот предводен од јапонски државни инвеститори и вклучува фирмата за удели во инвестирање „Bain Capital“. Предметниот конзорциум беше избран за најпосакуван кандидат, но понудата се покажа недоволно добра.

Предлогот во голема мера е предводен од Министерството за трговија на Јапонија, која сака да ја задржи технологијата за чипови под контрола на државата.

Главниот извршен директор Сатоши Цунакава изјави дека компанијата сега има за цел да постигне договор со конзорциумот што е можно побрзо и да се заврши трансакции до крајот на фискалната година во март.

„Потребно е време за да се изедначи со несогласувањата помеѓу членовите на конзорциумот“, најави тој, откако се извини за редицата понижувачки случки со „Toshiba“ неодамна. И сепак е мала веројатноста да дојде до брзо и непречено завршување на трансакцијата.

„Western Digital“, која заедно со „Toshiba“ управува со нејзината основна фабрика за чипови, тврди дека нејзиниот партнер ги нарушува нивните заеднички договори, и се сврте кон американски суд, во обид да го спречи договорот, за кој не дала согласност. Сите овие активности доведоа до лансирањето на тужба од страна на „Toshiba“.

Менаџерите на „Toshiba“ продолжуваат да даваат мешани пораки во врска со нивната желба да го решат спорот компанијата со седиште во Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП