29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Нисан ист како и лани

Профитот на Нисан ист како и лани

IN01_NISSAN_173147f

Јапонската автомобилска компанија Нисан соопшти дека профитот за 2012-та година бил идентичен како тој во претходната година, но тие се надеваат на подобри резултати во тековната година.

Нисан кој е во делумна сопственост на Рено во изминатата финансиска година заработи 342.4 милијарди јени (3.4 милијарди долари) со приход од 9.63 трилиони јени. Вториот по големина автомобилски гиган во Јапонија за една година оствари нето профит од 341.43 милијарди јени, а за оваа година најавуваат раст на заработката за околу 23 проценти или околу 420 милијарди јени.

Компанијата мината година продаде рекордни 4.91 милиони возила што е за 1.3 проценти повеќе во однос на 2011-та година. Благодарејќи на слабиот јен, јапонските извозници беа конкурентни во странство и остварија поголема заработувачка, додека Нисан за добрите резултати може да се заблагодари и на новите модели кои покажаа голем успех.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП