КУЛТУРА

Нов возбудлив трејлер за „Игра на престолите“ (видео)

Остана уште помалку од еден месец до почетокот на седмата сезона на серијата „Игра на престолите“, а телевизиската куќа „Ејџ-би-о“ денеска објави уште еден трејлер.

Овој пат имаме прилика да ги слушнеме интригантните зборови на Старк: „Кога ќе падне снег и кога ќе дувнат бели ветришта, осамениот волк ќе умре, но чопорот ќе преживее“.

Нешто подоцна се појавува и Џон Сноу.

Дали Сноу повторно ќе умре или ќе се случи нешто многу поголемо?