26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey официјално го предизвика Bugatti Chiron

Hennessey официјално го предизвика Bugatti Chiron

Компанијата „Hennessey“ ја најави претстојната премиера на хиперавтомобилот „Venom F5“, кој ќе се натпреварува со „Bugatti Chiron“ за титулата „најбрз сериски автомобил на планетата“. Моделот ќе биде прикажан до крајот на годината, како ќе развива максимална брзина од 480 км/ч.

За работата над хиперавтомобилот, вклучувајќи го составувањето и производството, „Hennessey“ ја откри подружница „Hennessey Special Vehicles“. Од компанијата тврдат дека новиот автомобил ќе биде изграден на сопствената шасија, а не на платформата на познатиот веќе модел „Venom GT“. Каросеријата ќе биде од карбон, благодарение на што тежината ќе биде околу 1,3 тони.

Името на хиперавтомобилот е зафатено од скалата на Фуџита, која служи за класифицирање на торнада. Таму степенот „F5“ значи неверојатна брзина на ветрот, кој ги руши куќите и оттргнува асфалтен слој, а исфрла дури тешки возила на стотици метри оддалеченост.

Засега други технички податоци недостасуваат, но според неофицијалните информации возилото ќе го добие доработениот 7,0-литарски V8 мотор со 2 турбини од „Venom GT“. Моќноста на моторот ќе биде зголемен од 1244 на 1400 КС, а тој ќе се комбинира со секвенцијален менувач.

„Hennessey Venom GT“ успеа да го надмине „Bugatti Veyron“ по максимална брзина, откако купето разви 435 км/ч, а роудстерот – 427,3 км/ч. Постигнувањето на купето сепак не беше запишано во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи беше запишан само во еден правец, а според правилата се зема просечната брзина постигната и во двете насоки.

Така „Veyron“ останува најбрзиот сериски автомобил со своите 431 км/ч. Во „Bugatti“ за возврат се сигурни дека наследникот „Chiron“ ќе успее да го подобри ова достигнување, и дека ќе развие околу 460 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП