Компанијата за спортска опрема „Nike“ ќе скратува околу 2% од персоналот во светот.
Гигантот соопшти дека ќе се раздели со 1.400 од своите вработени, а засега не е јасно каде точно во светот ќе бидат применети отпуштањата пренесува „CNN“.
За „Nike“ работат околу 70.000 лица, а само во централата во Орегон, САД, има околу 10.000 вработени.
Политиката за кратенки ќе биде применета во рамките на следните 2 месеци.
По објавувањето на информацијата акциите на „Nike“ поевтинија за 2%.
Отпуштањата се дел од напорите на компанијата да ги продадат производите директно на клиентите, а тоа ќе додаде брзина во реализирањето на своите производи на пазарите во светот.
Во извршување на оваа цел, „Nike“ ќе ги прошири своите операции во 12 града во светот, меѓу кои се Њујорк, Лондон, Шангај, Токио, Париз и Мексико Сити.
„Nike“ очекува овие градови да придонесуваат со над 80% од растот на компанијата до 2020-та година.