21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSoftbank го купи бизнисот со роботи на Google

Softbank го купи бизнисот со роботи на Google

Цената на акциите на јапонската „Softbank“ се зголеми до највисокото ниво од речиси две децении, откако компанијата го купи производителот на роботи „Boston Dynamics“ од „Alphabet“ на „Google“, пишува „ВВС“.

„Boston Dynamics“, позната со роботите, како „Atlas“ и „BigDog“, така и не успеа да ги комерцијализира пронајдоците и беше прогласена за продажба пред повеќе од една година. „Softbank“ исто така, објави дека ја купува компанијата „Schaft“, која исто така е специјализирана во роботиката.

Условите на договорот не беа откриени. Цената на акциите на „Softbank“ се зголемија повеќе од 7% во Токио. Таа започна како јапонска телеком компанија, но се насоки кон роботиката и развивањето на хуманоидот „Pepper“ во 2014-та година.

Потоа креаторот на компанијата Масајоши Сон ја претвори во голем технолошки конгломерат, благодарение на неколку големи зделки. Тие се движеа од купување на британската компанија за чипови „ARM Holdings“ за 32 милијарди долари до инвестирањето на една милијарда долари во сателитската „стартап“ компанија „OneWeb“ и создавање на фонд за ризичен капитал со Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП