26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot ja откри обновената GTi (фото+видео)

Peugeot ja откри обновената GTi (фото+видео)

Компанијата „Peugeot“ ја покажа спортската верзија на обновениот хечбек „308“, која го носи името „Gti“. Автомобилот е насликан во две бои – сина и црна, а се разликува од досегашниот модел по новата решетка на ладилникот, како и преработените отвори за воздух.

Промените во дизајнот на моделот вклучуваат поставување на нова оптика и на нови браници, како и на црвени сопирачки дискови. За моделот се избрани 19-инчни тркала, врз кои се поставени гуми „Michelin Pilot Super Sport“. Потпирањето е намаленосо 11 мм, а во листата на опрема е вклучен и диференцијал „Torsen“.

Обновената „308 Gti“ е управувана од 1,6-литарски бензински турбомотор, кој развива моќност од 270 КС. Таа му овозможува на спортскиот хечбек да забрза од 0 до 100 км/ч за 6 секунди, а се комбинира со 6-брзински мануелен менувач, додека потрошувачката на гориво според производителот е 6,0 l / 100 km.

Возилото е опремено со систем за автоматско запирање со можност за препознавање на пешаци, а исто така и со функција за одржување на лентата на движење, како и со систем за автоматско паркирање.

Промени претрпе и верзијата „308 GT“, која се потпира на дизел мотор со 180 КС. Кај неа веќе се нуди 8-степен автоматски менувач, кој го менува досегашниот агрегат со 6 брзини. И покрај зголемувањето на степените, тежината на трансмисијата е намалена со 2 килограми, а оваа оптимизација обезбедува 7-процентно намалување на потрошувачката на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП