19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаблеска новата купе-лимузина: VW Arteon (фото+видео)

Заблеска новата купе-лимузина: VW Arteon (фото+видео)

„Volkswagen“ објави галерија на фотографии од својот нов автомобил кој во гамата го менува моделот „СС“, поради стартот на продажбата на ова возило на европскиот пазар.

„VW Arteon“ e поставен на модуларната „MQB“ механичка платформа. Должината на возилото е 4.862 mm, ширина од 1.871 mm, a висина од 1.427 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.841 mm.

На почетокот купувачите ќе можат да изберат помеѓу шест бензински и дизел мотори. Основната верзија ќе има 1.5 литарски „TSI“ со 150 ks, додека 2.0 литарскиот „TSI“ ќе биде достапен во две верзии – со 190 ks и 280 ks.

Што се однесува до дизелите, на располагање се три опции 2.0 литарски „TDI“ мотори. Најслабата единица ќе произведува 150 ks, потоа следи агрегат од 190 ks, a во врвот на дизел понудата ќе биде мотор со 240 коњски сили.

Најслабиот бензинец, како и дизелите од 150 и 190 ks, стандарно ќе се испорачуваат со шестбрзински мануелен менувач. Останатите модели имаат седумстепен автоматски менувач со двојно квачило.

Најмоќните бензинци и дизели се достапни со исклучиво погон на сите 4 тркала.

Во понудата се три нивоа на опрема: „Arteon“, „Arteon R-Line“ и „Arteon Elegance“. Покрај стандардната верзија, „R-Line“ е наменет за оние кои сакаат спортски изглед на својот автомобил, додека за најсложените купувачи на располагање е луксузен пакет „Elegance“.

Без оглед на нивото на опрема, секој „Arteon“ стандардно ќе се испорачува со „LED“ фарови и „LED“ дневни светла, како и со „LED“ стоп светла.

Покрај тоа, во основната опрема спаѓаат и безконтактно отклучување на возилото и стартување на моторот, потоа „VW Composition“ аудио систем со 8 звучници и „AUX“ и „USB“ конекции, електронски контролиран клима уред, делимично електрично подесување на предните седишта, „Driver Alert“ систем…

„R-Line“ верзијат аима украсни детали со сјајно црн финиш, спортски волан и греачи на седишта, додека внатрешноста е во комбинација на кожа и „Alcantarа“. Aвтомобилот е опремен со 18 инчни „Sebring“ алуминиумски бандажи.

Моделот со „Elegance“ опремата има дополнително „LED“ покажувачи на правците со динамична функција на светлата (светилките се вклучуваат една по друа во низа, во насока во која автомобилот се движи), додека возилото е поставено на специјални „Muscat“ 18 инчни алуминиумски бандажи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП