23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроблем за Mazda - произведува повеќе, но продава помалку

Проблем за Mazda – произведува повеќе, но продава помалку

Во доста љубопитнa ситуација се најде „Mazda Motor Corporation“, откако беа објавени резултатите за производство и продажба на нови автомобили во првите 4 месеци од 2017-та.

Само во април компанијата има произведено 121.207 возила во целиот свет, а резултатот за овие четири месеци е 514.810 машини. Тоа е соодветно за 1,4 и 1,1% повеќе од истиот период од минатата година.

Интересно е дека производството на „Mazda“ во април во Јапонија е намалено со 6% до 74.296 примероци, а тоа во странство е зголемено за 15,8% – до 46.911 возила. Во јапонските фабрики на брендот се произведуваат најчесто моделите „CX -5“, „Mazda3“ и „CX-3“, а зад граница – „Mazda3“, „Mazda6“ и „CX-4“.

Во април на домашниот пазар компанијата има продадено 8.975 нови автомобили, што е за 4,9% помалку од резултатот за истиот месец од 2016-та година. Што се однесува до странство и таму продажбата паѓа – 57.554, што е за 4,2% помалку. Тоа се случува на сите главни пазари на брендот – Северна Америка, Европа и Океанија.

Најпопуларните модели на „Mazda“ во Јапонија остануваат „CX-5“, „Mazda2“ и „Mazda3“, а зад граница се „CX-5“, „Mazda3“ и „CX-3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП