3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИднината на Mercedes на едно место (фото+видео)

Иднината на Mercedes на едно место (фото+видео)

Компанијата „Mercedes-Benz“ го врати првото место во сегментот на луксузни автомобили и не мисли да го испушта. За таа цел Германците активно развиваат нови технологии, на кои ќе се потпираат во иднина. Еве 6 модели кои покажуваат она што треба да очекуваме од производителот од Штутгарт во наредните десетина години.

G-FORCE

Веќе со години научниците и инженерите сонуваат за создавање на автомобили со водородни мотори. Првите успешни обиди за правење на вакви возила веќе е факт, а во „Mercedes“ се надеваат во 2025-та година да започнат со сериското производство на моделот „Mercedes-Benz Ener-G-Force“.

На изглед машината изгледа како мал теренец, а донекаде потсетува на „Hummer“. Разликата е дека под хаубата нема огромен мотор, туку мотор кој работи на еколошки чисто гориво – водород. Возилото е опремено со посебен резервоар за вода кој може не само да ја чува, туку и да собира течноста при паѓање на дожд. Токму водата ќе се користи за движење, така што ќе се конвертира во кислород во специјални горивни ќелии.

Gran Turismo 6

Многу производители учествуваа во развој на виртуелни автомобили за играта „Gran Turismo 6“. Повеќето машини остануваат само во играта, но суперавтомобилот „Mercedes AMG Vision Gran Turismo“ беше направен во концептен модел. Нешто повеќе – тој ќе излезе во ограничена серија.

На овој чекор се одлучи американската компанија „J & S World Wide Holdings“, која ќе ја користи за основа каросеријата „Mercedes SLS AMG GT“. Од него ќе земе и агрегат – 6,3-литарски V8 со 591 КС, кој е комбиниран со автоматска трансмисија. Од моделот ќе бидат произведени 5 единици.

Vision Mercedes-Maybach 6

Компанијата „Mercedes-Benz“ ја објави преродбата на брендот „Maybach“ со претставувањето на електричниот „Vision Mercedes-Maybach 6“. Купето со должина над 5,5 метри располага со 4 електромотори со вкупна моќност 738 КС, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 4 секунди.

И покрај моќноста, овој електромобил се одликува и со ефикасност, па со едно полнење може да помине над 300 километри. При користење на посебна станица само за 5 минути се обезбедува километражата од 100 км. Ентериерот исто е иновативен, бидејќи не располага со традиционален панел за Инструменти, а сите информации излегуваат на сензорниот дисплеј.

Generation EQ

Кросоверот „Generation EQ“ е изграден на новата платформа „EVA“ (Electric Vehicle Architecture), која за разлика од веќе познатите аналози нема фиксна големина. Ова им овозможува создавање на различни видови на електрични возила, а целта е во 2025-та година компанијата да пушти на пазарот најмалку 10 модели на струја.

Според димензиите и формата „Generation EQ“ потсетува на кросоверот „GLC“. Погонот му се спроведува со помош на два електромотори со вкупна моќност од 408 КС и 700 Нм. Батериите имаат капацитет од 70 kW/h. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае под 5 секунди, а километражата со едно полнење е над 500 км.

Mercedes-AMG GT Concept

Германскиот производител го објави моделот со 4 врати „GT Concept“ како предвесник на нов модел од гамата „AMG GT“. Ова ќе биде првиот автомобил со ознаката „EQ Power +“ што ќе се користи од „plug-in“ хибридите на „Mercedes“.

Дизајнот на „Mercedes-AMG GT Concept“ е во стилот на сериското купе „AMG GT“, но прототипот нема стандардни огледала, затоа што тие се заменети со камери. Погонот е доверено на агрегат, во кој влегуваат 4,0-литарски бензински битурбо V8 мотор, електромотор и комплет литиум-јонски батерии. Вкупната моќност е 805 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди.

Погонскиот агрегат може да работи само на струја при кратки патувања во градски услови. Акумулаторите се полнат со помош на систем за обновување на енергијата, превземена од болидите во Формула 1.

Vision Van

Овој автомобил е создаден со помош на компанијата „Matternet“ а претставува хај систем за испорака на товар. Погонот е електричен, а со едно полнење се изминуваат околу 270 километри. На покривот на автомобилот има две плочи за дронови со кои можат да се испраќаат пратки со тежина до 2 кг во радиус од 10 километри.

Во самата кабина отсуствуваат стандардните педали и волан, а тие се заменети со џојстик, лоциран на држачот за лактот на возачкото седиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП