21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba размислува зa продажба на удел во Westinghouse

Toshiba размислува зa продажба на удел во Westinghouse

Јапонската технолошка компанија „Toshiba“ може да започне со процесот на продажба на мнозинскиот удел во „Westinghouse Electric“ уште оваа есен, додека американската компанија си го отвора патот кон стечај, тврди Марк Марано, главен оперативен директор на „Westinghouse“, цитиран од „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Токио се „покажала доста јасно на пазарот“ дека сака да го продаде мнозинскиот удел во „Westinghouse“, коментира Марано во интервју за „Bloomberg“.

На 29-ти март „Toshiba“ откри дека планира да објави стечај за „Westinhouse“, а потоа предупреди дека може да не успее да продолжи поради загубите на бизнисот.

Претседателот на компанијата Сатоши Цунакава коментира дека компанијата може да ја продаде единицата која генерира загуба од милијарди долари од своите проекти во областа на нуклеарната енергија. Меѓу потенцијалните кандидати за купување можат да бидат од Кина или Јужна Кореја, кои развиваат сопствени реактори за извоз, велат аналитичарите и академиците. Компании за акциите со инвестирање се исто така меѓу можните засегнати.

Процесот на продажба на дел од „Westinhouse“ може да стане реалност во есен, објасни Марано во Аризона за време на Собранието за нуклеарна енергија.

Акциите на „Toshiba“ ја зголемија својата вредност за 12% како резултат на вестите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП