29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтените компании ги претставија визиите за своите бензински станици во иднина

Нафтените компании ги претставија визиите за своите бензински станици во иднина

Компаниите како Шел, БП, Тотал и МОЛ ги изнесоа визиите за своите бензински станици во иднината, кога потребата за нафта ќе опадне, пишува „Вол стрит журнал“.

Весникот ја пренесува проценката на консултантската куќа „Вуд Мекензи“, според која електричните возила ќе ја намалат потребата за бензин во САД за пет отсто, а можно и до 20 отсто до 2035 година.

Од тие причини, нафтените гиганти се подготвуваат за новата средина, а „Вол стрит журнал“ го наведува примерот на МОЛ, како една од напредните нафтени корпорации.

„Во Унгарија, нафтената компанија МОЛ ги разгледува начините за интегрирање на својата малопродажна понуда со развојот на автономни автомобили и ширењето на делење на возењето(ride sharing).

„За 10 или 15 години муштериите би можеле да одлучат додека се на работа што сакаат за вечера, а МОЛ автомобилот подоцна ќе ги земе со продуктите кои веќе се припремени и подготвени во задниот багажен простор“, рече за Вол стрит журнал“ Петер Рататиш, шеф на малопродажбата во МОЛ.

Додека некои од големите компании експериментираат со мобилни апликации за да го забрзаат процесот на полнење гориво, планираат зголемување на понудата на природен гас на станиците или нивно претворање во супермаркети, МОЛ гледа подалеку, кога бензинските станици ќе станат можност за нова и подобра иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП