КУЛТУРА

По втор пат во Скопје манифестицијата „Скопје чита“

Манифестицијата „Скопје чита“ денеска по втор пат ќе се одржи во паркот спроти Скопското кале. Читањето ќе започне со група студенти, а потоа и реномирани поети и писатели од различни генерации ќе читаат свои дела.

„Скопје чита“ го организираат Културно­информативниот центар­ Скопје, писателката Линдита Ахмети и Арлинда Бафтиу.

Целта, според организаторите, е да се привлече вниманието на граѓаните кои ќе можат да слушаат стихови посветени на љубовта и човечките судбини.