
Поетот академик Влада Урошевиќ ја објави својата книга „Пејач во кулата” во Москва, во издание на „Рудомино”.


Поетот академик Влада Урошевиќ ја објави својата книга „Пејач во кулата” во Москва, во издание на „Рудомино”.
Изборот од сето досегашно поетско творештво на нашиот поет е во препев на реномираната преведувачка Олга Панкина, која досега со успех превела веќе неколку десетини книги на македонски писатели на руски јазик.
Изданието е збогатено со колажи на Влада Урошевиќ, претставени пред јавноста на неговата изложба во Ликовната галерија на МАНУ пред неколку години. Изборот е проследен со автобиографска белешка на самиот Урошевиќ, во која авторот изнесува некои интересни податоци за својот животен и творечки пат, како и со поговор од Андреј Базилевски под наслов „Сонувања во забранетата зона”.
Објавувањето на книгата во мошне репрезентативна опрема е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија и од Фондацијата „Трифун Костовски” при Македонската академија на науките и уметностите.