28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го претвори Espace во спортски автомобил

Renault го претвори Espace во спортски автомобил

Францускиот производител „Renault“ ја претстави новата верзија на својот модел „Espace“ која е подготвена од спортската поделба на брендот – „Renault Sport“.

Голема новина кај возилото е 1,6-литарскиот бензински мотор, создаден врз основа на 1,8-литарскиот турбодвигател од спортскиот автомобил „Alpine A110“. Моќноста му е 225 КС и 300 Nm вртежен момент, што е за 25 КС и 40 Нм повеќе од претходниот топ-агрегат, поставен на „Renault Espace“.

Моторот се комбинира со 7-степен автоматски менувач, а според производителот потрошувачката на гориво е 6,8 л/100 км во мешан циклус. За новата верзија на „Espace“ се нудат 18 и 19-инчни бандажи, спортски седишта, како и информациско-забавен систем „R-Link 2“ со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

Цените на спортската верзија на овој модел во Франција ќе стартуваат од 40.600 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП