21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSaudi Aramco ќе обучува кадри за туристичкиот сектор

Saudi Aramco ќе обучува кадри за туристичкиот сектор

Нафтениот гигант „Saudi Aramco“ ќе создаде центар за обука на работници во туристичката индустрија на Саудиска Арабија како дел од напорите на владата да ја развие економијата надвор од нафтениот сектор, соопштува Ројтерс.

„Aramco“ се согласи со државно контролираната единица за стручно образование и Комисијата за туризам на кралството да обучува млади Саудијци во туристичкиот и хотелскиот сектор, како и во управувањето на други јавни и приватни услуги.

Властите сакаат туристичкиот центар да обучи 5.000 лица – мажи и жени, во рок од четири години, објави компанијата без да дава финансиски детали. Владата има желба да го развива исламскиот туризам како дел од напорите за диверзификација на економијата.

Иако „Aramco“ се фокусира на производството на нафта, гас и нефтохимикали, компанијата често се вклучува и во други владини иницијативи, поради тоа што е најголема во Саудиска Арабија и една од најефикасните.

Компанијата, која планира примарна јавна понуда на акции на домашни и странски инвеститори во наредната година, минатата година ги претстави плановите за изградба на комплекс за бродоградба за 5 милијарди долари и отвори културен центар за 800 милиони долари во градот Дахран во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП