3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Captur редизајн (фото)

Renault Captur редизајн (фото)

Renault на саемот за автомобили во Женева го претстави рестилизираниот кросовер Captur, а доаѓањето на овој модел во европските продажни салони го oбележи со изобилство нови фотографии.

Renault Captur имаше премиера во 2013 година. По нешто повеќе од три години дојде време за „фејслифтинг“.

Предниот дел на автомобилот е стилски модернизиран. Изменет е браникот, маската на ладилникот, светлата за магла, а тука се и новите LED фарови и LED дневни светла. Слично е и позади каде што Renault го освежил дизајнот на светлосните групи.

На купците им се понудени три нови бои на екстериерот: Atacama Orange, Ocean Blue и Amethyste Black, од кои последната е резервирана за луксузната верзија Initiale Paris.

Дополнет е асортиманот на бои за покривот, па така овој дел од каросеријата, сега може да се нарача и во Platine Grey варијанта на сива боја. На овој начин, бројот на опции за двобојна каросерија порасна на повеќе од 30.

На располагање е и фиксен стаклен покрив, кој може да се нарача како опција во верзиите со двобојна каросерија, со што кабината добива уште повеќе природна светлина.

Renault наведува дека го подобриле квалитетот на материјалите во внатрешноста на автомобилот, но и го редизајнирал тапацирот на вратите. Покрај тоа, на купувачите им е на располагање и LED осветлување на внатрешниот дел од покривот.

Понудата на мултимедијални уреди се состои од три опции, а на врвот е R-Link Evolution системот со седум инчен екран на допир, навигација со информации за состојбите во сообраќајот во реално време, 3G конекција и Android Auto систем за поврзување со смартфон.

Со верзијата Initiale Paris, Renault се обидува Captur моделот да го приближи кон премиум сегментот. Овој пакет се карактеризира со хромирана маска, метални заштитни елементи на долните делови од каросеријата – напред и назад, специјална понуда на надворешни бои, како и посебни, 17-инчни алуминиумски тркала.

Внатрешноста на Captur Initiale Paris е пресвлечена со луксузната Nappa кожа, а стандардни се сите технологии и системи, кои обично спаѓаат во групата на опција во регуларните верзии.

Моторизацијата на рестилизираниот Captur се состои од четири бензински и дизел мотори.

Бензинските мотори се TCе 90 и TCе 120 (за помоќниот во понуда освен мануелен има и автоматски со двојно квачило), додека дизелите се dCi 90 и dCi 110 и двата опремени со стандардната операма старт / стоп систем за заштеда на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП