8 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗГолем јубилеј за легендата: Porsche направи милион примероци на 911 (фото+видео)

Голем јубилеј за легендата: Porsche направи милион примероци на 911 (фото+видео)

По 54 години производство, од производната лента слезе „Porsche 911“ со редниот број 1.000.000.

Ретки се спортските модели во автомобилската индустрија кои можат да се пофалат со седумцифрен тираж. Меѓу нив, на пример се, „Chevrolet Corvette“ со 1.5 милиони изработени примероци за повеќе од шест децении постоење и „Mazda MX-5“, кој до милион произведени единици стигна по 27 години, но спаѓа во значително поевтина класа на автомобили.

Меѓутоа, тоа што јубилејот на „Porsche 911“ го чини поимпресивен е податокот, според проценките на компанијата, дека повеќе од 70% сите изработени автомобили од овој модел се уште се во возна состојба.

Покрај тоа, „911“ и натаму е најпродаваниот „Porsche“ во историјата на овој производител, иако во наредните неколку години веројатно ќе го престигне „Cayenne“, кој само за десетина години колку што е присутен на пазарот е продаден во 500.000 примероци.

Инаку, во 2016-та на купувачите им се испорачани 32.365 примероци од „Porsche 911“, но овој број остана во сенка на одличната продажба на „Macan“ и „Cayenne“.

Милионитиот „911“ беше произведен во погонот Зулфенхаузен. Автомобилот е обоен во „Irish Green“ нијанса на зелена, а за разлика од постарите верзии на „Porsche 911“ претставени се специјални алуминиумски бандажи со пет краци и ознаки на каросериајта во златна боја.

Седиштата исто така имаат навлаки во ретро стил, а духот на минатото се и деталите од дрво на воланот и инструмент таблата.

Иако многумина колекционери и вљубеници на „Porsche 911“ би сакале да го видат јубилејниот примерок во својата гаража, германскиот производител одлучи да го задржи во своја сопственост.

По светската турнеја, каде што ќе биде изложен на бројни локации и манифестации, милионитиот „911“ на крајот ќе заврши во музејот на „Porsche“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП