1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на LaFerrari ќе пристигне за 5 години

Наследникот на LaFerrari ќе пристигне за 5 години

Следниот хиперавтомобил на „Ferrari“, кој во врвот на гамата ќе го замени распродадениот „LaFerrari“, би требало да се појави во 2022-ра година.

Во разговор за „Autocar“, директорот на „Ferrari“ задолжен за рзвој на технологии во италијанскиот производител, Мајкл Лајтерс, изјави дека во компанијата веќе размислуваат за новиот хиперавтомобил.

Како што вели Лајтерс, за сега е познато дека моделот ќе ja продолжи низата на „F40“, „F50“, „Enzo“, „LaFerrari“, нема да користи мотор од Формула 1, како што беше случајот со „Ferrari F50“, или како што има план да направи „Mercedes-AMG“ со својот нов хиперавтомобил.

„Сакаме да направиме нешто различно. Новиот модел нема да биде автомобил со Ф1 мотор наменет за возење по јавните патишта, како што беше случајот со „F50“, затоа што бара премногу модификации“, објаснува Лајтерс.

„Кога ќе дефинираме кои се новите технологии и иновации кои ќе ги користиме во развојот на следниот хиперавтомобил, а за тоа ни е потребно околу 6 месеци, ќе стартуваме со натамошен развој“, вели експертот од „Ferrari“ и проценува дека за наследникот на „LaFerrari“ ќе почекаме 3-5 години.

„LaFerrari“, кој беше претставен на саемот за автомобили во Женева во 2013-та година, е произведен во 500 примероци. Верзијата „Aperta“ со отворен покрив имаше премиера на авто-саемот во Париз во есента 2016-та, a предвидено е да се изработи во двојно помалку единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП