11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes: 8 модели со преден погон наместо 5

Mercedes: 8 модели со преден погон наместо 5

„Mercedes“ потврди дека следната генерација на механичката платформа со преден погон ќе биде база за дури осум модели кај кои моќта на моторот стандардно ќе се пренесува на предните тркала.

Aктуелната генерација на компактни возила на „Mercedes“ со преден погон опфаќа 5 модели: A Сlasѕ, „B Сlasѕ“, „CLA“ купе лимузина и „CLA Shooting Brake“, како и кросоверот „GLA“.

Со оглед дека возилата од ова семејство значително допринесоа за растот на продажбата на „Mercedes“ во последните неколку години, германскиот производител планира да ја прошири понудата на 8 модели, потврди шефот на брендот, Ола Калениус.

Калениус не прецизираше за кои модели станува збор, но очекува дека покрај новите генерации на постоечките 5 возила со преден погон, „Mercedes“ ќе лансира и лимузинска верзија на „A Сlaѕѕ“ (заснована на концептот „A Sedan“ претставен на саемот во Шангај), а се шпекулира и за нов кросовер/SUV модел кој ќе ја има ознаката „GLB“.

Дизајнот на новите генерации на моделите со погон на предните тркала ќе биде заснован на концептот „A Sedan“.

Заштитниот знак на овие возила ќе биде во целост променет, испакната маска на ладилникот со вертикална решетка. Слично стилско решение може да се забележи на спортските модели од „AMG GT“ семејството, но и од неодамна претставените „AMG SUV“ возила „GLC 63“ и „GLC 63 Coupe“.

Променет е и дизајнот на фаровите, кои сега добија триаголна форма, а динамичниот изглед на идниот компактен „Mercedes“ е со специфичен преден браник со големи мрежести отвори за воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП