4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеф Безос продаде акции од Amazon за 1 милијарда долари

Џеф Безос продаде акции од Amazon за 1 милијарда долари

Главниот извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос продаде акции од компанијата за околу 1 милијарди долари само еден месец откако изјави дека годишно троши „горе-долу“ таква сума за својата компанија за вселенски студии „Blue Origin“, пишува „Bloomberg“.

Безос продаде дел од акциите оваа недела, меѓу вторник и четврток, по цена која се движи 935-950 долари по акција, покажуваат документите поднесени до регулаторите. Тој се уште поседува 79,9 милиони акции, или околу 17% од компанијата, во споредба со 83 милиони акции, со кои располагаше на крајот на 2015-та година.

Растечкиот бизнис на „Amazon“ со eлектронска трговија и единицата за облачни услуги му помогнаа на главниот извршен директор да стане еден од најдобрите богатите луѓе во светот.

Во моментов тој е на трето место по богатство по Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс и шпанскиот претприемач Амансио Ортега, според „Bloomberg Billionaires Index“.

Безос ги продава своите акции за да инвестира во „Blue Origin“, која има за цел да испраќа туристи на кратки летови во вселената, каде што тие можат да почувствуваат како е да си во бестежинска состојба и да видат прекрасни погледи кон Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП