19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо 4 години враќање на отпишаната Karmа (фото+видео)

По 4 години враќање на отпишаната Karmа (фото+видео)

Луксузниот хибриден спортски модел кој некогаш ја носеше ознаката „Fisker Karma“, е обновен од нивиот сопственик и по ново име – „Karma Revero“ и започна да се продава во САД по цена од 130.000 долари.

„Revero“ претставува подобрена верзија на „Karmа“, која пред банкротот на компанијата „Fisker“ во 2013-та, успеа да се етаблира на американскиот пазар како спортска лумузина со впечатлив дизајн и специфичен погонски систем.

Моделот тогаш ги привлече богатите купувачи кои сакаа да возат малку поразличен автомобил од вообичаените „конфекциски“ премиум возила, а за тоа време со напреден „plug-in“ хибриден систем.

По бизнис неуспехот на основачот и сопственикот на компанијата, Хенрик Фискер, за компанијата се заинтересира кинески „Wanxiang“ кој во 2014-та ја купи за 149,2 милиони долари.

Новиот сопственик во 2016-та најави обновување на производството на „Karmа“ под името „Revero“ зa 2017-та, a првите примероци за новиот модел ќе бидат испорачани на своите сопственици во мај.

„Revero“ го задржа дизајнот на старата „Karmа“, a зa погон користи „plug-in“ хибриден систем со вкупна моќ од 408 ks (300 kW).

Максималниот радијус на движење изнесува околу 500 km, a доколку се вози исклучиво на струја, „Revero“ може да мине само до 80 km пред него да ја испразни батеријата и мине на бензински мотор.

За целосно дополнување на погонската батерија е потребно 10 часа на полнач од 16 A и 120 V. Mаксималната брзина на автомобилот изнесува 201 km/h.

Цената на „Karmа Revero“ во САД ќе се движи од 130.000 дo 139.900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП