
Европските оперски денови за првпат ќе се прослават низ Европа во времетрање од една недела.


Европските оперски денови за првпат ќе се прослават низ Европа во времетрање од една недела.
Македонија е една од над 70 оперски институции од 18 држави што ќе ги отворат своите врати од 5 до 14 мај за публиката нудејќи им содржини посветени и инспирирани од операта.
Македонската опера и балет со премиерата на детската оперета „Пролетна приказна“ од Стојан Стојков ќе ги прослави „Европските оперски денови 2017“. Премиерата е предвидена за 20 мај, од 12 часот, на малата сцена на МОБ. Публиката ќе има можност оваа претстава да ја погледне на 20 и 21 мај, од 12 часот, на малата сцена на МОБ.
„Ваквата форма е дефицитарна не само кај нас туку и на интернационално ниво. Тргнувајќи од овој факт, се согласив да го создадам оваа музичкосценско дело, кое се надевам ќе предизвика интерес кај нашата најмлада музичка публика“ , изјави диригентот Теа Богатиновска.
Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура.
Иницијатива за прославување на оперските денови на ниво на цела опера е на Opera Europa, европска организација за професионални оперски компании и фестивали и RESEO, Европска мрежа за оперскобалетска едукација. Соработката помеѓу МОБ и Opera Europa почна во 2008 година.