7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВонредна управа во Alitalia

Вонредна управа во Alitalia

Управниот одбор на италијанската авиокомпанија „Alitalia“ побара од Владата воведување на вонредна управа откако вработените го одбија планот за закрепнување на оваа компанија.

Одборот соопшти дека „длабоко жали“ поради тоа што работниците го одбиле планот кој имаше поддршка од Владата на Италија, а во кој беа ублажени одредбите за намалување на бројот на вработените и платите.

Во соопштението се додава дека поради тоа е невозможно да се активираат инвестициите од две милијарди евра од мнозинскиот акционер „Etihad“ и конзорциумот од италијански компании.

„Alitalia“ поради тоа ќе мора да биде реорганизирана, нагласи Управниот одобр, пренесува АП.

Италијанскиот министер за економски развој Карло Календа изјави претходно дека периодот на вонредна управа во „Alitalia“ ќе трае околу шест месеци. За тоа време управата ќе бара купец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП