6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКајен влезе во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Кајен влезе во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Ова е како трка на атлети. Пред повеќе од една деценија VW Туарeг V10 TDI постави рекорд, повлекувајќи боинг 747. Тој тежеше 155 тони. Потоа, во 2013 година, Нисан Патрол успешно повлече товарен авион, кој беше тежок 170 тона и така беше подигната границата на трката за Гинис.

Сега, VW Групата повторно е на ред, за да го врати лидерството. Овој пат на стандардно порше Кајен S беше доработен и беше поставена специфична „кука монтирана за возилото“. Опремен со 4,1-литарски турбо V8 мотор, со моќност 385 КС и 850 Nm вртежен момент, во SUV верзија, успеа да го запише своето име во Гинисовата книга на рекорди, во графата поставена за „Повлекување на најтежок авион од сериски произведен автомобил”.

Настанот се одигра на парискиот аеродром „Шарл де Гол”, каде Кајен S дизел го повлече 73-метарскиот Ербас A380 на Ер Франс чија тежина изнесува 285 тони. Со ова рекордот се подобри за неверојатните 115 тони. Зад воланот на автомобилот беше Ричард Пејн, специјалист во Порше GB. Тој даде интересни детали: „Најинтересно е дека искуството беше повторно успешно, овој пат беше користен бензинскиот Кајен турбо S. Да потсетиме дека тоа е најбрзиот SUV на ‘Нирбургринг’”. Тој е опремен со турбо 4,8-литарски V8 мотор со 570 КС и 800 Нм, и така докажавме дека SUV-моделите на Порше не можат да бидат запрени од никакви тешки задачи, дури и со 50 Нм помалку“, рече возачот. Фолксваген, Порше и Нисан не се единствените кои ги покажаа можностите на своите тешки атлети.

Пред неколку години Ленд Ровер Дискавери Спорт со 2,0-литрон Ingenium дизел повлече 100-тонски воз. Тоа е речиси еквивалентно на боинг 757, а агрегатот на Спорт е само 180 КС и 430 Нм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП