25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKoj e подобар, Боинг или Ербас?

Koj e подобар, Боинг или Ербас?

Boeing-Airbus

Европската авиокомпанија Ербас во првите четири месеци од оваа година прими 493 нарачки за авиони што е двојно повеќе од американскиот конкурент Боинг.

Авиокомпанијата со седиште во Тулуз во април месец забележа 83 нарачки благодарејќи пред се на договорот со Туркиш Ерлајнс за купување на 82 авиони од типот А320. Ербас во изминатите четири месеци испорача 202 авиони до своите клиенти, десет проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Меѓутоа Боинг во истиот период неуспеа да испорача повеќе од 183 авиони, а забележа нарачка за 255 летала. Ваквиот резултат се должи пред се поради проблемите со батериите за напојување на авионите 787 „дримлајнер“.

Американската компанија има намера да го зголеми месечниот обем на производство од пет на десет авиони до крајот на 2013-та година.

Ербас минатата година го загуби приматот како во поглед на продажбата, така и во поглед на нарачките во корист на Боинг.

Меѓутоа европската авиокомпанија на крајот од месец март го потпиша највредниот договор во досегашното работење и тоа со иноднезиската компанија Лајн Ер за испорака на 234 авиони од типот А320 кои се во вредност од 18.4 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП