АВТОБИЗ

Летечки автомобил за кој требаат две дозволи

Словачката компанија AeroMobil ја откри својата верзија на летечки автомобил.

На автомобилот крилата ќе се склопуваат како кај инсектите, а ќе го придвижува хибриден мотор и пропелер кој се наоѓа на задната страна.

Доколку сакате да бидете помеѓу оние кои ќе го купат ова возило, потребно ќе биде да одвоите помеѓу 1.3 и 1.6 милиони долари, но за управување на истото, покрај вашата возачка дозвола, потребна ќе ви биде и дозвола за пилот.

На овој автомобил потребни му се три минути за да се претвори во авион, и тогаш ќе имате опсег да поминете 750 километри. За полетување ќе ви биде потребна писта за авион.

„Можете да го користите и како обичен автомобил“, рече Јурај Вацулик, ко-сопственикот и извршен директор во AeroMobil.