10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia за малку избегна банкрот

Alitalia за малку избегна банкрот

Италијанскиот национален превозник „Alitalia“ за влакно избегна банкрот благодарение на договор меѓу раководството и синдикатите постигнат во последната минута. Тоа треба да го претстави патот за рекапитализацијата на авиокомпанијата, откако вработените дадоа одобрение за трансакцијата.

„Alitalia“ не излегла на добивка од 2002-ра година. Тоа е и третиот случај од 2007-ма година, во кој компанијата доаѓа на работ на банкрот.

Според оценката на „Mediobanka“ поддршката за опстанокот на авиопревозникот од 1974-та година до 2014-та година ги чини даночните обврзници 7,4 милијарди евра.

Според договорот постигнат од страна на Владата, синдикатите ќе прифатат просечно намалување на платата со 8 проценти и 1.700 отпуштања, меѓу кои и на 980 вработени со полно работно време. Сегашниот персонал на компанијата брои 12.500 луѓе.

Првично „Alitalia“ предложи намалување на платата за 30 отсто и намалување на 2.000 работни места.

„Ова е најдоброто можно решение, имајќи ја предвид кризата во компанијата“, вели министерот за економски развој Карло Календа.

Акционерите и кредиторите на „Alitalia“ се заканија дека ќе го блокираат спасувачкиот пакет во вредност од 2 милијарди евра, ако не биде постигнат договор со синдикатите за намалување на трошоците на компанијата. Ако тој не беше постигнат, авиопревозникот требаше да банкротира.

Условите на договорот треба да бидат одобрени на референдум од вработените на компанијата. Анкетата ќе се одржи следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП