4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors инвестира 14 милиони долари и отвора 1.100 работни места

General Motors инвестира 14 милиони долари и отвора 1.100 работни места

Американскиот производител на автомобили „General Motors – GM“ ќе инвестира 14 милиони долари и ќе отвори 1.100 работни места во новиот истражувачки центар во Сан Франциско, во склоп на инвестициите во својата иднина на автономните возила.

Проширувањето на нашиот тим во компанијата „Cruise Automation“ (која работи нa развојните технологии за автономно возење) е уште еден важен чекор во нашите напори да ја редефинираме иднината на индивидуалната мобилност, изјави претседателката и генерална директорка на GM, Мери Бара, пренесува агенцијата Франс прес.

GM пред една година го презема „Cruise Automation“, во рамките на напорите да го забрза развојот на технологијата за автономно возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП