Компанијата „Lyft“ која ја нуди истоимената услуга за споделено патување, доби 600 милиони долари финансирање, објави еден од нејзините инвеститори.
Компанијата за деловно инвестирање „KKR & Co“ изјави дека е вклучена во процесот на привлекување на средствата, така што даде значителен финансиски поттик за компанијата со седиште во Сан Франциско која продолжува да се натпреварува со „Uber Technologies“.
Извори блиски до „Lyft“, минатата недела рекоа дека фирмата е блиску до завршување на кругот на финансирање кој ќе ја оцени на 7,5 милијарди долари. Тоа е значително зголемување наспроти оценката од 5,5 милијарди долари која „Lyft“ ја имаше во првичната рунда пред повеќе од една година.
Во првото тримесечје од 2017-та година „Lyft“ генерираше 34% раст на бројот превози кои ги врши до 70,4 милиони, наспроти бројката која ја достигна кон крајот на 2016-та година. Покрај тоа, растот е 142% во однос на истиот период една година порано, пишува „Bloomberg“.
Бројот на американските потрошувачи, кои тврдат дека ќе ја разгледа можноста дали да ги искористат услугите на „Lyft“, порасна до 9,6% во овој месец од 5,6% во септември. Ова се вели во извештајот на компанијата за истражување на пазарот „YouGov BrandIndex“ за „Quartz“.
Во меѓувреме, бројот на американските потрошувачи, кои тврдат дека ќе ја разгледа можноста користење на „Uber“, падна до 14 отсто од 18 отсто во ноември.