13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba би можела да се угаси поради големите финансиски загуби

Toshiba би можела да се угаси поради големите финансиски загуби

Јапонската компанија „Toshiba“ ги претстави вчера своите финансиски резултати преку кои може да се види како опстанокот на компанијата е знак прашање. Конгломератот е во загуба од близу 4,8 милијарди долари само од април до декември оваа година.

Конгломератот наводно најмногу загубил пари поради проблемите со американскиот нуклеарен огранок кој одеднаш замина во стечај, пренесува BBC.

Акциите на компанијата паднаа за два проценти, а „Toshiba“ веќе подолго време е присилена да размислува за продажба на одделни делови од компанијата. По одделувањето на мемориските чипови, од компанијата вчера соопштија дека размислуваат и за продажба на одделот за производство на телевизори.

„Toshiba“ наводно планира да го препушти овој оддел на турската копанија „Vestel“, а со продажбата би дошла до повеќе од потребните финансиски средства за стабилизација и опстанок на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП