2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola годишно произведува над 100 милијарди пластични шишиња

Coca-Cola годишно произведува над 100 милијарди пластични шишиња

„Coca-Cola“ не успеала да се избори со штетата за животната средина предизвикана од произведените од неа над 100 милијарди пластични шишиња секоја година, покажува анализата на „Greenpeace“, цитиран од „Independent“.

Во март компанијата за безалкохолни пијалоци си навлече критики, откако одби да открие колку пластика произведува во анкетата меѓу шесте светски производители на пијалаци, спроведена од „Greenpeace“.

Еколошката организација сепак ја открила употребата на пластика од страна на „Coca-Cola“. Таа ги испита податоците за годишната продажба на одредени линии производи на компанијата и нивниот процент во вкупното микс пакување од 2012-та година.

Врз основа на овој метод „Greenpeace“ заклучува дека „Coca-Cola“ продава меѓу 108 и 128 милијарди пластични шишиња годишно. Според истражувањето пластасичните шишиња за еднократна употреба на најголемата компанија за безалкохолни пијалаци во светот сочинуваат речиси 60% од глобалното флаширање на „Coca-Cola“ и нивниот број се зголемил за 12% од 2008-ма до 2015-та година.

Во 2013-та година „Coca-Cola“ си постави за цел процентот на нејзините рециклирани шишиња во развиените земји да достигне 75% до 2020-та година. Но, анализата на „Greenpeace“, врз основа на податоците на компанијата од 2013-та до 2015-та година, открива дека овој процент всушност се намалува. „Greenpeace“ објави дека тој е намален од 63 отсто во 2013-та до 61 отсто во 2014-та година и 59 отсто во 2015-та година.

„Ритамот со кој „Coca-Cola“ исфрлајќи пластични шишиња за еднократна употреба, е неверојатен“, вели Луиз Еџ од британскиот огранок на „Greenpeace“. „Во отсуство на целосни податоци на „Coca-Cola“, проценуваат дека таа произведува над 100 милијарди пластични шишиња за еднократна употреба секоја година, или 3.400 шишиња во секунда, а во исто време одбива да ја преземе одговорноста за својата улога во кризата со загадувањето со пластика на океаните. Нашите океани едноставно не можат да преземат повеќе пластика од „Coca-Cola““, додаде таа.

Околу 16 милиони пластични шишиња завршуваат во животната средина секој ден во Велика Британија, забележува еколошката организација. Претставник на британскиот огранок на „Coca-Cola“ изјави дека е разочарана од извештајот на „Greenpeace“ – Британија.

„Coca-Cola“ е една од ретките компании за широка потрошувачка, чии пакувања 100% се рециклираат. Во Велика Британија го намаливме количеството на пакувања кои ги користиме, со 15% од 2007-ма година и во моментов користиме 25% рециклираната пластика во сите шишиња“, рече портпаролот на компанијата.

Според истражувањето од октомври на „Recycle Now“ – националната кампања за рециклирање на Англија, финансирана од владата, британските домаќинства користат во просек 480 пластични шишиња годишно, но рециклираат само 270 од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП