3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas планира сериско производство на спортски обувки со 3D принтери

Adidas планира сериско производство на спортски обувки со 3D принтери

Германскиот производител на спортска опрема и обувки „Adidas“ ќе започне во есен со сериско производство на спортски обувки од 3D принтери.

Спортските обувки најпрво ќе бидат произведени во Speedfactory во Ансбах, а подоцна во слична фабрика во Атланта (САД), објавија од Adidas.

Во среден рок планирано е годишно да се произведуваат околу 500.000 пара патики во секој од флексибилните производни погони.

Германската групација сака пофлексибилно да реагира на трендовите и да излегува побрзо со нови производи на пазарот, објасни портпаролот на Adidas.

Новиот производен процес ќе биде интегриран за прв пат на новиот модел на патики Futurecraft 3D.

Моделот ќе се разликува пред се по иновативното производство на ѓонот во однос на другите спортски обувки. Во есен би требало во продавниците да пристигнат првите 5.000 пара, а следната година нивниот број би требало за биде 100.000, потенцираше портпаролот на Adidas.

За разлика од претходните 3D методи на печатење на ѓонот, сега тој ќе се добива од течна смола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП