1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧистка во Реал вредна 100 милиони евра

Чистка во Реал вредна 100 милиони евра

real-madrid-borussia-dortmund-349060

Реал Мадрид очекува да обезбеди сериозна сума по крајот на сезоната, бидејќи речиси половина од сегашниот тим можеби ќе биде продаден.

Според медиумите во Шпанија 11 играчи би требало да останат во тимот и наредната сезона и нема да бидат продадени, а тоа се Роналдо, Марсело, Бензема, Озил, Модриќ, Чаби Алонсо, Варан, Кедира, Рамос, Диего Лопез и Касиљас.

Останатите сепак би можеле да го напуштат клубот без некои проблеми, па доколку некој клуб има желба да ги ангажира слободно може да започе со преговори со раководството на „кралевите“.

На врвот на листата е Гонзало Игуаин, кој е проценет на 30 милиони евра, по него се наоѓаат Анхел ди Марија – 25 милиони и Пепе – 20 милиони. Кака, Адан и Коентрао исто така, најверојатно ќе си заминат од „Бернабеу“. Есиен и Карваљо секако си заминуваат, затоа што нивните договори истекуваат и клубот нема намера да ја продолжи соработката со нив. Со продажбата на овие неколкумина играчи се очекува тимот од Мадрид да собере околку 100 милиони евра кои ќе бидат доволни за доведување на нови играчи.

Игуаин е поврзуван со Јувентус, а Ди Марија со Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и ПСЖ, па со продажбата на овие двајца се очекува да дојде и најголемиот износ.

Од платите на играчите исто така, ќе бидат заштедени доста милиони евра што ќе му овозможат на Флорентино Перез да привлече барем една голема ѕвезда, а на врвот на листата е Герет Бејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП